Недела навечер е совршено време за дневна доза поезија. Па ако не сте прочитале бареме една песна, еве шанса. Изборот падна на „Вагање на песната“ од Радован Павловски.
Вагање на песната
Државите имаат мера
Кон ѕвездите патуваме со некаква мера
Со одредена мер
закопавме
со мотичиња и раце голи
многу силни царства
а на Песната своја и на силата
произлезена од народот
никој не ѝ најде мера
ниту на вселената
во која добиваме сила
и се среќаваме на раскрсница
како врз вага
со песна само.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.