Skip to content

Ох, музо

Ох музо, на сите си им бала мајка, сестра, девојка

На страдалници капка вода во исушена ноќ

На духовни губители спасение

Бела опојка за темните души

Ноќ во ноќ

Ден во ден

Изгрејсонце во зимско утро

Прободение на замрзнати мртви тела

Каде се криеш годинава цела?

 

Доаѓам сега да бидам инспирација на

Мртвите поети

Главна сум на Новогодишните банкети

Несоница сум на бессони души

Пијанство на босоноги вили

Страст која никој не може да ја сруши

Бес кој ги кине јадните души.

Чекорам тивко, но зборувам гласно

Со мене се живее опасно.

 

Ох, музо ,ти мирот што ми го земаш

Со тебе ќе чекорам тикво, ќе зборувам гласно

Нека чујат сите дека љубам и тоа го кажувам јасно.

Напишете коментар