Еднаш еден ученик клекнал пред гурото за да добие иницијација. Гуруто во увото му ја шепнал тајната мантра, предупредувајќи го да не ја открива никому.
– А што ќе се случи ако ја откријам?, прашал ученикот.
Гурото му одговорил:
– На секоj кому што ќе му ја откриеш мантрата ќе биде ослободен од незнаење и страдање, а тебе ќе ти биде одземена иницијацијата и ќе бидеш проколнат.
Штом ги слушнал овие зборови, ученикот истрчал на пазар, насобрал многу луѓе околу себе и ја повторил светата мантра за сите да можат да ја чуат. Другиет ученици му го пријавиле настанот на учител и барале од него да го исфрли ученикот од селото поради својата непслушност. Гуруто се насмевнал и рекол:
– Јас повеќе немам што да го научам. Неговото однесување покажало дека тој е веќе подготвен и сам да стане гуру!
Прочитајте ја и следнава поучна зен приказна: „Една нота“.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.