Си бил еднаш некој човек кој велел дека секогаш има полни раце работа и тоа цел ден. Луѓето како луѓе, не му верувале па го распрашувале каква работа имал. Тој им рекол: „Имам два соколи кои треба да ги скротувам, морам да внимавам на два јастреба, да хранам два зајаци, да чувам една змија, да скротувам магаре и да го врзувам лавот!“ „О, па тоа е многу!“, рекле луѓето. „Тебе навистина ти треба време. А каде е тој твој кафез? Каде се животните за кои зборуваш? Не гледаме ниту едно животно.“
На тоа човекот прекинал да говори за тие животни, но сега за сите да можат да го разберат: „Двата соколи се двете очи. На сè се прилепуваат и за сè летаат. Тешко е да се запрат. Двата грабежливи јастреби? Тоа се нашите раце. По сè посегнуваат, сè факаат, сакаат сè да задржат. Тешко е да се контролираат. А двата зајаци кои мораме да ги храниме и запираме? Тие се нашите нозе. Постојано лутаат таму-ваму, онаму и секаде, често се замараат. Но најтешко е да се внимава на змијата – јазикот – иако е во кафез. Зарем не се вели: „Триесет и две заби не можат да го совладаат јазикот“?
Тука е и магарето кое треба да се скроти – нашето тело. Тоа многу трга, оптеретено е, се сопнува, не слуша. А толку ни е потребно! На крајот останува лавот. Треба да се чува. Тој е крал над сите животни. Тоа е нашето срце, преполно со желби, цела наша сила и моќ.“ „Во право си“, одговориле луѓето. „Имаш многу работа за цел ден…“
Непознат автор
Прочитајте ја и следнава приказна: Кутија со бакнежи.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.