Милозвучен, таков беше гласот твој
Со него успеа да го охрабриш народот свој
Си чекерел смело, по планините тивки, а мрачни
Со голема спремност да преминеш извори бучни
Да откинеш плевел од селските гради,
Да отвориш очи на човечки беди,
Да споиш младо и старо, исток и запад
Да спречиш крвав и аскерски напад.
Те чуле горите го начуле твојот глас
Ги отвориле крошните за да го скријат твојот стас,
Те чуле изворите, реките што жуборат милно
Самовиски те гушнале,те опиле со својот пој силно,
Те чуле комитите, како гордо чекориш кон слобода по цена на смрт
Не знаеле дека опколен си со предавници, со изопачен крт.
Но, на слободата си бил апостол, храбар си бил херој,
Македонски спасител, за проклет аскер неспокој.
Денес сите славно го проповедаат твоето име
Векови минат, вечност ќе бидеш, никогаш нема да минеш.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.