Ти дојдов со чеиз полн наивност,
внатре ставив бесконечна искреност,
заробив надежи и соништа за нас,
за мене и за тебе, заедно.
Наредив неколку бели постелнини
за врз нив в прегратки да ти се тркалам
Ставив лаванда со мирисот твој,
на убаво чеизот сакав да ми мириса.
Заврзав неколку марами со насмевки и солзи,
со расправии и помирување,
со жртвувања и утехи,
оти тоа меѓу сите го има.
Сандакот од чеизот го правев со трпение.
Штиците ги составив со разбирање.
Го резбарев со внимание.
Катанецот со љубов го исковав
за сè од мене за тебе од љубов да е заробено.
Со единствена желба го заклучив,
кај тебе да дојдам.
Тебе да ти го донесам.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.