Воспаление на душата,
од јадови нелекувани,
длабоко во себе затрупувани.
Воспаление на душата,
од неискажани зборови,
направени длабоки чворови.
Воспаление на душата,
од неисплакани солзи,
од пропуштени шанси,
од надежи лажни.
Воспаление на душата,
од таложење тага,
од секоја кажана лага.
Воспаление на душата,
од заборавање на самата себе,
сега тоа воспаление
силно душата ја гребе.
Воспаление на душата,
колку и да пече,
колку и да сече,
и тоа ќе помине,
сè ова минато ќе биде.