Осумнаесетиот сонет на Вилијам Шекспир е еден од најубавите љубовни сонети што некогаш произлегле од англиската книжевност. Во прилог можете да го прочитате препевот на Проф. д-р Драги Михајловски, уживајте.
Треба ли да те споредувам со денот летен?
Ти си ми поубав, постишен мошне,
грубо луњиште милите пупки ги тресе,
а летото реимот брза да го кошне.
Напати со жега окото небесно нѐ љуби,
но често не блешти, ликот му е матен;
секој личник личбината ја губи,
од природата менлива, нафаката, тратен.
Но твоето лето вечно ќе трае,
и убавината што те краси нема да згасне;
и смртта без тебе непофалена ќе чмае
кога во стихов со времето ќе сраснеш.
Дури дише човекот и мениве ги трпи,
ќе живее и песнава, живот од неа ќе црпиш.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.