Со децата треба мило
што и да се случи,
не бидете толку строги
кога помалку се учи.
Со децата треба нежно
како топол сончев зрак,
кога играта ги мами
од утро па сѐ до мрак.
Со децата треба чесно,
вистината да се каже,
па тогаш ќе биде лесно
и не треба да се лаже.
Со децата треба исто
ко со другар или брат,
па детското срце чисто
ќе порасне за цел спрат.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.