Наликуваше на крст твојот од, беше детски, но и тежок како
Шилест заплет
Не знаат што прават оние кои го нишаат животот
Го испуштаат низ прстите
Го пречекоруваат твојот од и го стискаат во рацете
Но душите им се потсмеваат со недосонуван сон
Каков што не сонувале зошто ти беше нивниот сон, нивната надеж
Каде ли се, се прашуваат тие
опроштаите од гревовите?
Не знаат дека во себе ги носат гревовите на опроштајот
Што ти им го даде од крстот
Но во недостиг од твојот благослов
Не го препознаат неделото на смртта.
Долго престојуваат во чистилиштето
Но не можат да се очистат од
Злата на човештовото.
Потребен им е твојот мир.
Твоето воскресение.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.