Саемот на книга со неговото 34. издание годинава започна на 3. мај (среда) и ќе трае до 9. мај (понеделник), враќајќи го редовниот, пролетен термин на одржување. Се оддржува во спортската сала „Борис Трајковски“ на затворено како претходните години пред пандемијата. Во текот на еднонеделното траење предвидени се над 30 промоции на нови изданија, како и гостување на странски автори. Од МАИ (Македонската асоцијација на издавачи) веќе ја соопштија одлуката за доделување на наградите. На саемот над 60 издавачи куќи од Македонија, но и Турција, Србија, Албанија и Косово ќе се претстават со нивните изданија пред македонските читатели. Работното време на саемот е од 10:00 до 20:00 часот.
Издавачките куќи се потрудија и со објавување на нивните саемски каталози уште пред почетокот на саемот. Така сите посетители имаат можност да ги разгледаат најразличните понуди и да си го олеснат изборот при купување нова книга. Одличен спектар на понуди, прилично достапни цени и попусти. На штандовите можат да се видат многу нови изданија, бројни промоции на домашани автори, задоволување за сите вкусови на читателите.
Посетителите т.е. љубителите на книгата имаат можност да си ги зголемат своите домашни библиотеки со наслови од македонски и странски автори. Изборот е најразличен и голем, како и претходните години, од стручна и научна литература, белетристика, популарна психологија, сè до книги и сликовници за најмалите читатели. Влезот за посета на саемот чини 50 денари, за групни посети 40 денари, а целиот настан е под покровителство на Министерството за култура, а организатор е Глобал Медиа Груп (Global Media Group). До крајот на саемот остануваат уште 3 денови.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.