Не ми беше јасно
Сè додека не видов со очите свои
Колку е нежен светот
Колку е убав животот
Кoга има за кој да живееш.
Не ми беше верно
Дека постои добрина
Ни дека постои надежта
Не ми беше верно ништо, не
Додека не го сретнав него таа ноќ
Кога ми покажа розеви стрели
Кои летаат кон задоволството
Кој ми подари среќни моменти
Опиени со љубовни бои
Тој…
Тој направи да бидам сакана
Ми ја покажа љубовта
Низ силни чувства ме носи
Кон вистински моменти ме води
И што повеќе да барам
Што повеќе да сакам
Вниманието што го имам
Него го прави најпосебен да биде
Зашто и со збор
Тивок збор
Знае да те насмее
Срцето да ти го наполни
Мечти за секој нов ден да ти подари.
Голем е оној кој одбрав да го сакам
Голема е љубовта што одбрав да ме чува
Животот е магија на насмевки
И благодарам на судбината што добив сè
И благодарам на среќата
Што добив љубов во мојот свет.