Тивки се тие емоции,
Кои како товар бдеат врз моето лице.
Без љубов сум ништо, од “време на време” со солзи
ќе се потсетам на неа, нејзината силуета,
Производ на една заборавена имагинација,
Копија на нереалноста.
И тивки се зборовите за неа, постанаа само бледа сенка
кои како виножитото се појавуваат и изчезнуваат.
Тивки, неми, недопирливи, чуството на гнев,
безвредност, тонување во сопствена душа
и дробење во и низ своето срце!
Само пет минути среќа и потоа си оди!
Небаре е бунар со вода кој во секој момент
можеш да наполниш но не можеш истата мера да ја вратиш.
Баш како човекот, баш како Неа!
Човек кога е скршен во душа,
тој не бара солза по солза,
тој го бара својот дом – онаму каде започнува и има – Љубов!
Таа беше ветерот, а јас оние скршени гранки
кои од невремето паѓаа врз земјата.
Таа беше сè освен што никогаш
не си дозволив да ја наречам мојата “Совршена Љубов”
Таа беше сè што јас никогаш не можев да ѝ го исполнам
со зборови туку само со срце,
а таа, таа никогаш не се помрднуваше
од своето роденo Гнездо!