Skip to content

Митот за Вавилонската кула

Вавилонска/Бабилонска кула  претставува мит кој објаснува зошто луѓето во светот зборуваат различни јазици. Кулата исто така е поврзана и со изградбата на градот Вавилон, каде се наоѓала кулата.

Кулата според Библијата

Според Библијата по Потопот човечкото општество го претставувало еден народ, кој говорел на еден јазик. Од исток народот се насочил кон земјата Шинар (на долниот тек на Тигар и Еуфрат), и го изградиле градот (Вавилон) и една висока кула до небото „за да си создадаат свое име“. Градбата на кулата била прекратена од страна на Бог, кој го „помешал“ јазикот на народот, поради кое тие престанале да се разбираат еден помеѓу друг. Народот на Вавилон не можел да продолжи со изградбата на кулата бидејќи се распрснале по целата земја што дотогаш ја познавале. Така историјата за Вавилонската кула ја објаснува појавата на различните јазици по Потопот. Овие податоци датираат околу 2 000 години п.н.е.. Самата градба има многубројни митолошки паралели.

Кулата според јудаизмот

Многу иследувачи легендата за градбата на Вавилонската кула ја поврзуваат со изградбата на храмови-кули во овој регион. Кулите се исто така нарекувани и зикурати. Врвовите на самите кули служеле за религиозни обреди како и за астрономски истражувања. Вавилонската кула претставува највисокиот зикурат (91 метри), кој се наоѓал во Вавилон. Кулата се нарекувала Етеменанки односно „дом, помеѓу небото и земјата“. Асирскиот цар Синахериб во 689 година п.н.е. го преземал Вавилон и Етеменанки започнал да се руши. Зикуратот бил повторно обновен во времето на Навуходоносор II. По уништувањето на Јудеја, евреите се преселиле во Вавилон. И покрај тоа што до ден денеска не е докажано, се смета дека самите евреи учествувале во градбата на Вавилонската кула.

Самата градба на Вавилонската кула е поврзано со негативниот однос на евреите кон Вавилон како и тогашното гледиште на населението на Вавилон за што е можно повеќе доближување до Бог. Градот во текот на столетијата бил политички и воен противник на јудаизмот. Во Библијата, Вавилон станал симбол на гревот.

Занимливости

Зградата на Европскиот парламент е поврзана со формата на неизградената вавилонска кула. Многу христијани овој факт го гледаат кон стремежот на Европејците кон бунт со Бога. ЕУ исто така многу често се поврзува со Вавилонската кула поради постоењето на многу службени јазици (23 од 1 јануари 2007), со кое дополнително се создаваат проблеми во комуникацијата.

Прочитајте го и митот за Атлантида, најстариот град.

Напишете коментар