Лакомоста губи сѐ, сакајќи сѐ да земе.
Како пример за ова може да се земе
стопанот чија кокошка, јадра, чиста
по едно златно јајце носела секое утро.
Тој мислел дека ризница има во нејзииот утроб:
па ја заклал, ја распарал, и видел, дека е таа иста
со другите чии јајца не му значеле ништо.
Така тој сам си го одзел своето богатство скришно.
Поучна лекција за душите алчни!
Во наше време мнозина можат да се видат
кои преку ноќ станале бедни, мрачни,
сакајќи прерао богати да бидат!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.