Skip to content

Македонски монолог – Гане Тодоровски

В крвта ни остана едно недоречување,
ропско, македонско и зошто не: наметнато!
И требат тони грижи на појќе поколенија
за да се истријат тие петна
на срам од себеси, од себепремолчување.

Не знам дали сум јасен, Роднино,
но сега дарба што ја носам и за себе ја викам
најобично несокривање на мислите,
ќе Ти ја завештам во трајна своина,
оти нам ќе ни бидат недоволни нашите години
за да Те дотераме како милноина
и како наш протеј да Те осмислиме.

Самите се нарековме тоа што сме,
самите в часот зол и ќе се преброиме –
но, пуста таго ле, смев до смев па грев до грев:
одвеќе стоиме! И ако така уште постоиме,
не ќе постоиме!

Кои ли бевме? Кои сме? Од кај ли дојдовме?
Кого ли турнавме, кого ли качивме на престол?
И дали не ни е нужен некојси Фројд
за да ги одгатне нашите нејасни гестови?

Толку се страхувам, некоја јанѕа ме јаде
да не би одново да Те раздадеме!
Толку го демне срцево голомразица
да не би да Те запретаме во фрази,
па, како сите умници на светот
што саможивништвото за вјерују го прифатија,
да се извикаме гордо и клето:

UBI BENE IBI PATRIA!


*Ubi bene ibi patria (лат.) = кај што е добро = таму е татковината.

Напишете коментар