По Французите Ле Клезио и Модијано, француската романсиерка Ани Ерно ја добива Нобеловата награда за литература, според Нобеловиот комитет, нејзиното дело кое „постојано и од различни агли ги испитува животите обележани со разлики, како пол, јазик и социјална класа“.
Ани Ерно, е првата Французинка што ја добила Нобелова награда за литература. Запрашана од шведската телевизија СВТ, за добивање на оваа награда, таа вели дека ја смета за „многу голема чест“ и „одговорност“. „Тоа значи да се сведочи (…) за форма на правичност, правда, во однос на светот“, додаде таа.
На нејзини 82 години, таа е седумнаесеттата жена од сите досегашни 114-те Нобеловци кои ја примиле наградата почнувајќи од 1901 година.
Родена во 1940 година во Лилбон (Сен-Маритим), Ани Ерно пораснала во срцето на Пеј де Ко, во Ивто, каде што нејзините родители држале мало ресторанче. Од оваа полурурална Нормандија, од нејзиното скромно потекло, таа ќе добие инспирација да напише дваесетина уникатни дела, во соголен, сув стил, од кои некои доживеале голем успех, раскажувајќи го животот силно обележан со траги од минатото и неговата првобитна состојба.
„Јас ги живеам моите книги“ – вели оваа голема писателка.
Додека предава современа книжевност во средно училиште во едно од париските предградија, таа го објавува, дискретно, Ce qu’ils disent ou rien. Токму од нејзината трета книга, La Femme gelée, кога се преселува да живее во Серги, во Вал-Д’Оаз, почнува со жанрот автофикцијата, жанр на кој му останала верна до денес. Ова е роман со „трансперсонално јас“ за „нормалната“ состојба на мажена жена и мајка на уредно семејство во 1960-тите.
Успехот доаѓа во 1984 година со романотани La Place, со кој ја освои наградата Renaudot. Романот денес е лектира за средно образование во Франција.
Тоа е една интимна приказна за нејзиното детство и младост поминати во Нормандија. Ерно во овој роман ги најде својата музикалност и непроменливиот тон на нејзиниот регистар, преку пишување на кратки автобиографски романи, со кратки и едноставни наслови.
Таа прави етнолог oд самата себеси, но притоа одржува одредена дистанца, што предизвикува емпатија со читателот. Романот е барометарот на нејзината душа и своите чувства таму таа ги поправа, каде што минатото, сеќавањата, и сегашната меморија се мешаат и одговараат еден на друг.
Сето ова формира вечно враќање кон себе, поттикнато од напорното размислување за нејзината историја. Сето тоа, во форма со варијации и орнаменти, додека се работи на мотивот и неговите контрапункти.
И како нејзини верни набљудувачи се социологот Бурдје, придружуван од Симон де Бовоар и нејзиниот Втор пол.
„Текстовите на Бурдје, ќе рече таа подоцна, беа за мене поттик да истраам во мојот писателски потфат, да го кажам, меѓу другото, она што тој го нарече општествена репресираност“.
Во 1992 година, објавувањето на Passion simple означува пресвртница. Ерно ја открива, без преправање, нејзината кратка и огнена љубовна врска со оженет маж, руски дипломат стациониран во Париз. Иако критиката е поделена, приемот во јавноста е едногласен.
Оттогаш, Aни Ерно му се врати на овој мотив, објавувајќи го романот Losing yourself, книга составена од сурови извадоци од нејзиниот личен дневник, „сурово и црно“, чуван во тоа време.
На крај доаѓа Les Années, „целосен роман“ кој го истражува целото нејзино дело наназад и што таа го опиша како „еден вид безлична автобиографија“. Дело што се отворило пред своето време, кога таа имала 22 години, и во своите дневници се доверила: „Ќе пишувам за да се одмаздам за мојата раса“.
Многу подоцна, погледот на романсиерката се затемни, откривајќи ги темните области од нејзините рани години: нејзиниот таен абортус (L’événement, книга адаптирана од Одри Диван), смртта на нејзината постара сестра на 6-годишна возраст и која воппшто не ја запознала (L’Autre Fille (Другата девојка)). И во 2022 година, Le Jeune Homme (Младиот човек) , приказна за нејзината ефемерна афера како зрела жена со студент. Како Дирас во нејзиното време, таа стана муза на левицата, редовно барана да го даде своето мислење за политиката, општеството и економијата.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.