На почеток под нозе ставено.
Потоа во сон појавено.
На јаве не си тука
во секој лик те барам.
И постојано некое недостигање
на љубов ли е или замислено,
некогаш двосмислено
некогаш јасно дефинирано,
колку да планирамe,
никогаш не е испланирано.
Мора да се потсетувам на сите радости,
да речам во тоа успеав,
помало да остане,
вредност да нема,
недостигањето кое не престанува,
со двете раце карпа туркам, го застанувам.
До следното негово будење
кога за малку слаба ќе бидам од причини различни ,
да ме обвитка пак како ланец да стега.
Си велам по којзнае кој пат – нема да бегам.
Ќе те барам, ќе те најдам,
повеќе време со тебе ќе минам.
Да биде помало тоа недостигање што сонови руши,
што ги цица нашите души.
Да му одмагам да ме владее,
да се сопнува и да падне секогаш кога му е замислено да успее
И чувство на вечна борба меѓу сонот и јаве,
кога еден ден човек се изморува.
Учи оти – за сè мора да се зборува.
Не кажаното е не видено,
во главата моја освен јас никој не престојува.
И се менува човек,
па кажува,
без оглед на тоа колку разбран ќе биде.
Да му излезе од душата,
да се види!
Оти му недостига
некој тука близу!
Не бара ништо невозможно,
да каже оти не знае,
што носи секој следен миг.
Затоа кажав, затоа кажи и ти!
Ми недостигаш, сакам да те видам,
не знам утре дали ќе можам со тебе да бидам,
направи нешто знаеш дека сè е можно само ако се сака,
но не останувај вака,
во тажно недостигање
Можеби веќе утре доцна ќе е