Ако треба да ги ставам нијансите од твојата личност на хартија, да те опишам од глава до пети, ќе морам да се борам. Со годините престанав да се сеќавам на нешто што би можело да биде поврзано со тебе. Како низ магла се сеќавам како се насмевнуваш, како ти светат очите кога си среќен, или како ти се палат ноздрите кога си лут… како нервозно грицкаш нокти или како нервозно го гнечиш со забите лајчето од испиеното којзнае кое кафе од утрово. Делови од деталите како да изчезнале за мене. Тие останаа заглавени во минатото, а јас сум толку среќна што се таму, што ниту за момент не посакав да ги вратам, да го направам повторно моментот сегашност или да се сетам на нив.
Се сеќавам само на тоа колку беше важен во мојот живот.Се сеќавам на таа искра на која не ѝ дозволував да згасне до неодамна. Секогаш ќе дував на неа, се трудев барем малку да ѝ вдахнам живот за повторно да блесне. Ти беше мојата насмевка и љубов. Значење и потреба. Уметноста за која живеев. Твојот лик помина низ сите мои текстови. И тогаш ладно ми го сврте грбот преку ноќ и си замина. Ме остави сама и нашата љубов пукна. И ти дадов крилја да одлеташ и да си одиш, да, како што велиш, те оставам да дишеш. Се надевам дека си посреќен кога си слободен сега кога ги тргнав мојте окови од тебе. А знаеш и јас страдав.
Плачев. Те молев да ми се вратиш. Те сонував, неуморно се надевав, им кажував на другите за тебе, за тебе и пишував. Сега разбирам дека ова страдање беше дел мојата илузија. Не ми недостасуваше ти, туку внимание, љубов и спомени. Сигурна сум дека после секој дожд доаѓа виножито. Денес дојде и кај мене. Потоа се појави тој. Тој на кого не му обрнував внимание поради тебе. Тој со кого толку убавина пропуштив живеејќи со надеж дека ти ќе ми се вратиш. И не го засакав веднаш. Си реков ми треба време да зараснам после тебе. Таа искра за која ти кажав сè уште гореше. Но залудно, не го сакав. Не како што те сакав тебе. Но, тој беше таму, додека ти не беше.
Ме мамеше со насмевки, допири, бакнежи… Беше премногу упорен, ми го пренасочи вниманието, ми ги бришеше солзите, грижите, тагата… Беше трпелив, ми даде време да те преболам… Затоа го сакам денес. Денеска се радувам на него, како што никогаш не сум направила со тебе. Никогаш не ме растажуваше, како ти што правеше. Затоа денес го сакам него толку многу како што не можев да те сакам тебе. Само јас сум важна за него и затоа заслужувам да му припаѓам. Затоа сега го правам она што мислев дека никогаш нема да можам да го направам.
Денес те оставам во минатото и продолжувам да чекорам напред кон иднината, со крената глава и со насмевка која никогаш не била поискрена. Денеска се радувам на сè што имам со нецо, иако го сакав со тебе. Но реланоста е дека тебе не ти беше грижа ни за мојте мечти, ни за мојте соништа. Беше премногу сигурен дека никогаш нема да заминам, затоа што беше толку арогантен и самоуверен. Егото ти беше преголемо. Секогаш гледаше само за својте желби и потреби ,туѓите немаа значење во твојот живот.
Ти беше мојата прва љубов, првата насмевка пеперутки во стомакот, ти беше некогаш причина да дишам, сега си само скршен мост. Беше секаков, а јас иако страдав не престанав да те сакам. Веројатно те сакав на начин што никоја после мене нема да може. Но, да не се лажеме… Беше премногу горд и некој за кој би си го ризикувала животот… Ти беше мојата младост, солза, допир, морници, ти ми беше се она што треба да претставува првата и најголема љубов.
Љубителка на пишаниот збор,сонувач,верен пријател на кафето и книгите.