Skip to content

Жед – Гордана Каракашевска

Го слушам Црн Дрим додека спијам.
Чувствувам како пропаѓам.
Првпат го гледам Охридското Езеро ноќе.
Погледот на водата се враќа како бумеранг.

Водата е жива.
Страшна.
Се бранува.
Дише.
Таа е ѕидови бојосани во смирувачка сина боја.

Напишете коментар