Skip to content

Ветување – Милчо Мисоски

Милчо Мисоски е роден во Струга во 1972 г. во Македонија. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, специјалист микробиолог, примариус, магистер на медицински науки. Автор е на неколку поетски збирки: „Чекајќи го ангелот“ (1992) и второ издание на англиски (2019), „Записки“ (2013), „Изневерено време“ (2016), „Песочни капки“ (2017), „Стаклени сенки“ (2020).

Негова поезија е застапена во антологиите: „Поетите од Струга“ (2001) во издание на СВП, „Дај две љубовни“ (2015) и „Нема стих нема мир“ (2017) Антолог. Во продолжение прочитајте ја неговата песна „Ветување“ објавена во поетската збирка „Ефемиди“ (2022) која ја има добиено наградата „Караманов“.

Ветување

Секогаш тука
видлива за постоењето.

додека се будам
од строгоста на имагинацијата
вистината
и простува на стварноста.

твојот бакнеж
кова сплетки за генијалноста на музиката,
ја разголува довербата.

и пред луѓето да ги соединат
краиштата на светлината
ги отворам портите,
ветувајќи победа.

Напишете коментар