На прв поглед, оваа песна изгледа многу едноставна. Говорителот застанува во некоја шума една снежна вечер. Ужива во прекрасната сцена во целосна тишина, и сака да остане подолго, но се присетува на обврските и долгиот пат што допрва треба да го помине пред да може да се одмори ноќта. Песната се состои од четири (речиси) идентично конструирани строфи. Секој стих е јамб, со четири нагласени слогови:
Голем исклучок од оваа шема има во последната строфа, каде што третиот стих се римува со претходните два и се повторува во четвртиот стих. Двата последни стиха се сметаат за најславните стихови во поновата англо-саксонска поезија кога станува збор за повторувањето. Но што претставува за Фрост гората?
Гората е на работ на цивилизацијата; на некој начин, тaa го одвлекува говорникот од неa. Kоњот е од друга страна, тој е припитомениот дел од цивилизираниот поредок; тоа е најблиското нешто кое го поврзува со неа. И тоа што коњот го запира говорителот (дури и кога е тоа само во имагинацијата на говорителот) дозволува да се истакнат неколку уникатни човечки особини кои ја носат неговата дилема, дали да се продолжи по патот или не. Една од нив е посакување убавина; друга е привлечност кон опасноста, непознатото, мистеријата; а третата – можеби поврзана, но различна – е желбата за смрт, за самоубиство.
Запирање покрај гората во една снежна вечер
Знам чии ќе се гориве под брегов.
Во селото е чинам домот негов;
Тој нема да ме види запрен тука
кај му ја гледам гората сред снегов.
И мојот коњ зачудено ќе счука
со копита и зошто запрел не знаејќи,
крај езеро замрзнато, сред тажна бука,
во вечер кога и каменот пука!
Ме гледа коњот мој, тресејќи
ги ѕвонцата, ко божем праша што е?
Сал ветерот се гласи, штом од вејки
снежинките ги дувне, фрфорејќи.
Ги љубам горите што длабок мрак ги стегнал;
но ветувањето е важно мое –
Да минам милји пред да легнам!
Да минам милји пред да легнам!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.