Skip to content

Гордана Михаилова – Бошнакоска -Тутанкамон се грее изобилно

Тутанкамон се грее изобилно

вода му тече под петиците

плунка од заборавени смокви

му се лепи врз непцата на кинеските плетенки

во тешка теллива коса од хиероглифи

се витка змејот на квартот

закопуваат една стара Кинеска

нејзините синови се натажени и среќни.

Овие жолти ѕвезди од небото паѓаат врз нејзиното

ситно тело,

тоа свети цело

од станиолските светилки

на продавниците во Њујорк.

Напишете коментар