1.
Добрино сеќаваш ли
прстите ги носат проклетилата.
Земи ги моиве девет прсти
едниот ќе го сочувам за прстен
Добрино, ако те има.
Инаку ќе ги закопам
во море од лудување.
Земи ги моиве девет прсти
со себе да ги однесеш
во росата на неговите нокти
што ме чекаат секоја вечер
како леб и сол.
Добрино ако те има
проклетилата ќе засинеат
во мене.
Ако те има и ако те нема
ти ги давам моиве девет..
Името ќе им биде
во прстите,
во синевината
Добрино.
2.
Не играј се меѓу моиве сини прсти
ќе те спружам за себе како лединка
што ќе ме одморува во желби
по сончевина и тебе.
Не играј се меѓу моиве прсти
ќе те завиткам во облека од воздух
да те осетам.
Тогаш ако можеш
со танец на лудило
заиграј меѓу моиве прсти.
3.
Добрино сеќаваш ли
прстите ги носат проклетилата…
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.