Skip to content

На врвот на Ровињ

Ја видов твојата маченичка растргната во ѕверска крв

Го покажува ветерот на корабите со крст од својот врв

Каменот срт и пастелот црвен, под гробот божествен

Се извиши горе  над твојот пристанишен брег величествен.

 

И мирисните лаванди и чемпресите златни на патот земен

Водеа кон морската шир под кулите на градов древен

Маслините гранки, и кралските фунги кои растеа во сончев блесок

Се нишкаа на ветрецот покрај крунисаниот златест песок.

 

Светицата-заштитник ја покажуваше на морнарите твојата кула

Ѕвонеста со шилеста камбанарија од мермерна ангелска тула

Со поглед на р’тот шумен и врвов алпест ги чуваше твоите тајни

Од нападите на источната сабја, од глутници непознати и  знајни.

 

Се вишнав горе до твоите борови гори, до столбестиот крст

Го видов морето нежно и брегот каменест, бел и цврст

Посакав да се предадам на неговата сила, на сончевиот пламен

Да постанам дел засекогаш од твојот вековит камен стамен.

 

Напишете коментар