Во чест на Коле Неделковски, истакнат македонски поет и комунист меѓу двете светски војни, кој починал на денешен ден во 1941 год., споделуваме негова песна од збирката „Молскавици“, која е прва негова стихозбирка објавена во 1939 год. Со оваа стихозбирка, тој станал дел од трендот на пишување македонска поезија со македонска тематика и употреба на македонски јазик.
Причинуење
Кој ли пофте да ми дојде,
кој ми зеде сладок сон,
кој ми таму очи лаже,
кој се метка по тој мрак?
Па и кој ли ветер вее
и ме фрла ф силен студ?
дали сенка на дуф силен
ели страден мајкин лик?
Ф темен мрак ми умот штука
чело рони студен пот.
Немам сила… Срце пука…
Еј ми тежи тешка ноќ.
О, ти, моа душо страдна.
О, ти ум мој — пламнат жар,
не се нити сенки виат,
нити мајкин страден лик,
туку, ах, е прво либе,
сон не знае гори в жал,
гради кине век да скрие —
чека ф младос ноќ и ден.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.