Септември е,
нови патеки важат.
Најчести:
-До училиштето и назад.
И еве ти ги
основците со првачињата
сами или со другарчињата.
Брзаница по тротоарите,
детска врева
крај булеварите.
Па дури и кај автобусите со два ката
мешаница
на излезната врата.
Излозите
со видеоигри подновени,
денес заобиколени.
Уште од дома се збори:
-Фаќај ги правите зебри
и зелените семафори.
На враќање
мобилните заѕвонуваат,
твоите те пречекуваат.
И уште по некои птици
задоцнето кон југ разлетани
те поздравуваат…
Дали на соседите да им се
објаснува?
Веќе сме ученици
брзо што пораснаа!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.