Skip to content

Ѓердан – Слаѓана Ставрева

Дојди вечерва,

со душите да го згрееме небото.

 

Дојди, темно е.

 

Со очите светнати од радост

ѕвездите да ги запалиме.

 

Калинка полна со зрна љубов

чувам за тебе

во недрата.

 

Дојди ноќеска,

љубов да нижеме,

од неа ѓердан да направиме,

на грлото да го ставам,

со него накитена

пред светот да излезам.

 

Светот да му се чуди на убоста.

Напишете коментар