Skip to content

Бошко Смаќовски – Мачор еден

Бошко Смаќоски (18 септември 1938, Модрич, Струшко – 1998, Скопје) е  македонски поет, раскажувач, романописец и драмски писател. Творештвото на Смаќоски е богато и разновидно и се состои од десетина стихозбирки, шест книги за деца, три збирки раскази, седум романи, четири романи за деца, книга со гатанки, повеќе телевизиски драми, радио-драми и радио-игри за деца итн.

Роден на денешен ден, во негова чест споделуваме една негова детска песничка.

Мачор еден

Тој е мачор без работа:
од сабота до сабота,
од недела до недела,
преде, преде, распредува
една иста кадела.

Мачор еден
многу вреден…
Не оти е само еден,
ни оти е многу вреден!

Тој е мачор без работа:
од сабота до сабота,
од недела до недела,
преде, преде, распредува
една иста кадела.

Мачор еден
многу вреден…
Не оти е само еден,
ни оти е многу вреден!…
Сепак,
сепак,
не е важно каква мрза
в себе криеш –
важно каков глас те бие!

Прочитајте и химната за Скопје од истиот писател овде.

Напишете коментар