Среќа – Наталија Наумовска
Среќата е твоја должност дете,
да бидеш насмеано и зиме и лете,
прегрни ја силно и не ја пуштај,
и на пролет кога сонце грее
и на есен кога лисјата паѓаат,
а тебе училишните клупи те повикуваат.
Среќата е твоја природна состојба,
да си ослободено од грижи и тага
на светов ништо да не те мачи,
прегрни ја твојата играчка најдрага,
шепни си во себе: „јас сум среќно дете“,
за подобар свет е мојата борба.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.