Skip to content

Излезе од печат првата поетска книга „Парчиња од себеси“ од младата авторка и поетеса Викторија Стојовска

  • by

Излезе од печат првата поетска книга „Парчиња од себеси“ од младата авторка и поетеса Викторија Стојовска. Книгата е дел од Современата македонска книжевност и едицијата „Книжевни меридијани“, носител e на наградата „Душата на чаршијата“, на конкурсот распишан од издавачката куќа „Дата песнопој“ од Битола.
Авторката во своето дело раскажува за емоциите, љубовната болка, недоумиците, несониците, сплетките, урбаните ситуации, животните предизвици, начинот на созревањето на едно скршено срце и преживувањето низ овој дијапазон од чувства.

Авторката со својот специфичен стил на пишување опишува како се раѓа љубовта, како се градат соништа, како се сеќава, колку боли предавство, како се одболува љубовта, како се заборава, и успева низ своите прозни дела да допре до сржта на сечие срце.
Оваа книга е за сите херои и хероини, на сите оние кои кога ќе паднат повторно се издигнуваат и не престануваат да се борат, не се откажуваат, не дигаат лесно раце од себе, и на сите оние кои веруваат во своите соништа и ги остваруваат.

Како сега да дојдете до примерок?

Моментално книгата може да се порача директно преку самата авторка на некој од нејзините онлајн профили: Инстаграм профил 1 и Инстаграм профил 2

Или на нејзината меил адреса: [email protected]

Кратка биографија за авторката:

Викторија Стојовска доаѓа од Кичево. Активно твори седум години, зад себе има голем опус на литературно творештво, учества на повеќе литературни манифестации и освоени награди и признанија.
Она што ја издвојува авторката од останатите е искреноста, остриот јазик, специфичниот стил, чистата емоција, читливоста на четивата во еден здив и можноста секогаш одново да им се враќате и да ги препрочитувате, каде и да ви се отвори страницата во моментот.
Во 2020 година го отвора својот литературен блог и активно го одржува до денес, на него може да прочитате повеќе за творештвото од авторката: viktorijastojovskaa.wordpress.com

Напишете коментар