Недостигаш – Наталија Наумовска
Недостигаш секоја минута,
во секој здив си присутна,
те барам во далечините,
го гледам твојот лик насекаде,
без тебе се празни деновите.
Недостигаш пеколно,
во радост и тага твоето отсуство е болно,
споменот твој не згаснува,
додека дишам ќе живееш,
додека живеам ќе копнеам да ти слушнам глас
и барем уште еднаш да те прегрнам.
Недостигаш,
недостиг си,
недостасуваш,
ужасно недостасуваш.

Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.