Слушај поезија: „Пламени јазици што згаснаа млади светилки“ (Во спомен на загинатите во Кочани)
Незаборавната трагедија која однесе со себе шеесет животи во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16.03.2025 година беше инспирација да ги напишам овие стихови и да им ги посветам на прерано загинатите млади деца. Ни се пеплосаа срцата, се заледивме на почеток на пролетта наместо да нè огрева сонце. Родители останаа без деца, деца останаа без родители, во црно се завија жални фамилии. Во продолжение на видеото може да се слушне текстот претходно објавен на следниов линк.

Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.