Куќа крај патот – Софија Величковска

Во сенката на нашите чекори,
покрај правлив и суров пат,
стои куќа стара,
со светла болка што протекува низ оџакот,
со ѕидови истрошени, а прозорци скршени,
со булки разновидни, а луѓе исплашени,
со души среќни, а снегулки стопени,
стои куќа крај патот.
Но во неа живее душа, која никогаш нема да умре,
во неа огин гори, а животот расте,
во неа јас се радувам, а тој плаче.
Во неа јас тагувам, а тој се смее,
додека ветрот завива и дождот паѓа,
додека јас бунтувам, а ти се распаѓаш,
додека ние живееме, а сепак умираме.
Додека куќата свети, давајќи надеж,
додека денот не ја покрие темнината,
куќата стои,
ме чека,
да се нурнам во постелата на заводливите булки.

Софија Величковска