Huggle Tunes – Нови англиски песнички и приказни за најмалите

Драги родители, наставници и љубители на детскиот свет, со големо задоволство ви го претставуваме Huggle Tunes (Cuddle up to music and story time) – нов YouTube канал за деца, создаден со љубов и посветеност пред само два месеци.

На Huggle Tunes ќе најдете песнички и приказни на англиски јазик, со внимателно избрана содржина што поттикнува развој на јазикот, емоционалната интелигенција и имагинацијата кај децата. Каналот е идеален за најмалите кои сакаат да слушаат и пеат песнички на англиски, но и за родителите што сакаат да ги запознаат своите деца со нов јазик преку музика и игра.

Освен новите оригинални композиции, на каналот ќе најдете и англиски верзии на познатите македонски детски песнички објавени на „Слушај поезија – и други приказни“, што му даваат на проектот посебен шарм и универзалност.

Huggle Tunes – Kids Songs & Stories  е создаден со идеја да внесе топлина, учење и забава во секое детско срце. Затоа, ако сакате да ја поддржите оваа иницијатива, кликнете Subscribe (Претплати се) на YouTube и бидете во тек со сите нови изданија што следуваат.

Линк до каналот:  Кликни тука

Во продолжение најгледните видеа

TWINKLE TWINKLE LITTLE STAR

Magic Shoes 👟 | Original Kids Song for Joy & Play | Huggle Tunes

🎂🎉Happy Birthday Song for Kids🎂🎉