Skip to content

Аудио верзија од книгата на Тихомир Јанчовски промовирана во МКЦ

Во среда (28 август 2019) со почеток во 20:30 часот, во Планетариум (МКЦ) беше одржана промоцијата на аудио верзија од поетскиот роман „Лидија или сѐ што знам за жените“ од реномираниот македонски автор, Тихомир Јанчовски.

Овој поетски роман е издаден одамна, но за прв пат пред македонските читатели ќе биде испромовиран во аудио форма. Според модераторката на настанот, Магдалена Стојмановиќ овој настан е од исклучително значење бидејќи е пионерски проект за помирување и интеграција на технологијата и уметноста.

– Со тој обид покажуваме дека технологијата не е загрозување на уметноста, туку напротив може да ја негува и унапредува. Аудио книгите се погодни за луѓе што многу патуваат или немаат доволно време да посветат само на читање на книгата, вели Стојмановиќ.

Освен обраќање на модераторот, македонската публика ќе проследи и инсерти од аудио книгата збогатени со визуелни ефекти во „Планетариум“.

Јанчовски важи за еден од најпознатите современи македонски автори кој издава поетски романи, збирки поезија и се занимава со преведувачка дејност.

Извор

Напишете коментар