Австралија веќе подолго време се бори со пламените јазици кои го уништија речиси целиот жив свет во шумите. Додека ние гледаме како гори континентот, артисти ширум целиот свет преку илустрации ги опишуваат тешките мигови низ кои поминува Австралија истовремено изразувајќи го своето сочувство. Повеќето цртежи се посветени токму на големиот број на илјадници животни кои настрадаа во овие пожари.
Илустрациите се нацртани од едно срце, за да допрат до друго срце. Предизвикуваат големо чувство на сожалување и нè тераат да се запрашаме како можеме да ја спасиме планетата од овие климатски промени, бидејќи таа очигледно сè повеќе ни враќа на ваков начин поради нашата невнимателност. Целта е да се подигне свеста за оваа катастрофа и да се поттикне свеста кај луѓето дека мора нешто да се промени истовремено оддавајќи почит кон сите настрадани.
Дел од илустрациите:
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.