Skip to content

Поминаа 127 години од смртта на генијалниот книжевник Глигор Прличев

На денешен ден во 1893 год.  во Охрид, починал еден од најголемите македонски преродбеници, човек визионер и еден од најголемите книжевници на 19 век, Глигор Прличев.

Покрај  тоа што се запишал на студии по медицина во Атина, истите никогаш не ги завршува, но како резултат на неговата љубов кон пишувањето ја пишува во Атина поемата Сердарот и учествува на литературен конкурс каде ја добива првата награда за ова дело , ловоров венец и е прогласен за втор Хомер.

После добивањето на наградата, од Атина се враќа во Македонија и целиот живот го посветува во борба за својата татковина  за што е често осудуван и прогонуван.

Во 1871 година го објавил препевот на „Илијадата“, но бил жестоко искритикуван, па дури и исмеан од бугарската критика. Причината била тоа што тој пишувал на општословенски, а не на бугарски литературен јазик (кој не го знаел добро).

Тој се занесувал со идејата да направи општословенски јазик — комбинација од словенските јазици, кој ќе го користат сите Словени (словенски есперанто). За жал, таа идеја не била прифатена и реално била неизводлива. Разочаран, се повлекол во Солун каде ја напишал „Автобиографијата“. Во нашата литература ова е прво дело од ваков тип, напишано во проза.

Сердарот

Сердарот“ е историско-јуначка поема; историска балада.

Темата е борбата на Македонците против насилствата на Гегите, или поопшто, борбата за слобода.

Идејата — да го прикаже макотрпното минато на својот народ и стремежот за слобода.

Мотивот, Прличев го зел од народната песна за Кузман Капидан, а бил инспириран од тешкиот живот на Македонците од западните делови на Македонија кои биле изложени на терор од страна на Гегите. Па дури и турската власт за да го заштити населението од грабежи, за да може после да им земе даноци, морала да организира заштитнички единици. Кузман Капидан бил водач, сердар на една таква единица.

Мислам дека сите го знаеме наизуст почетокот на оваа песна, но еве да се потестиме денес како звучи и да дадеме со тоа еден мал придонес на овој македонски великан:

Сердарот

Пискотници се слушаат од Галичник во Река,
Што тешка несреќа ги збра
и мажите, и жените, та гласи тажна ека
и навева сал коб и зла?

Дал’ град полињата житородни ги беше фатил?
ил’ рој од скакулци се вдал?
Дал’ султанот арачлии пред време беше пратил
да збира арач лут без жал?

Ни град полињата житородни ги беше фатил,
ни рој од скакулци се вдал,
ни султанот арачлии предвреме беше пратил
да збира арач лут без жал!

Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега,
тој сердар прочут падна в бој,
и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега,
и да ги брани нема кој…

Повеќе можете да најдете на следниот линк:

Извор

Напишете коментар