Постојат мноштво музеи кои се посветени на визуелната уметност – сега зборовите конечно добиваат признание. Интерактивен музеј посветен на зборовите и јазикот ќе се отвара на 31 Мај, 2020 во Вашингтон. Планет ворд е создаден за да ги едуцира посетителите за јазикот со изложби кои се фокусираат на кажан, испеан и пишан збор. Ќе се протега на огромна површина лоциран во историско училиште Френклин во срцето на Вашингтон.
Музејот ќе прикажува 11 галерии со карактеристични и живописни искуства. Една од нив ќе им овозможува на посетителите да нацртаат сцена со зборови користејќи мали четки коишто ќе го променат виртуелниот пејзаж. Друга ќе има висок ѕид со над 1000 зборови што ќе се активираат со глас, осветлувајќи се и ќе раскажуваат приказни за тоа како тие си го нашле патот до англиската литература. Во помалку едукативниот дел исто така ќе има караоке и шанса за да се рецитираат познатите говори како што се оние на Џон Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг итн.
Музејот тежнее да биде член потпомагач на општината нудејќи „Работилници со зборови“ во училниците и претставите, ќе има авторски читања и општествени разговори во неговиот аудиториум.
Ова е одлична идеја која заслужува да биде поздравена. Па откако музејот ќе биде направен нема да биде лошо доколку можеме да го посетиме. Сигурно ќе биде поразлично и неверојатно искуство.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.