Skip to content

Ноќ

Тивко се спушти ноќта на нејзиниот прозорец. Заедно со ноќта дојде и тишината и со себе ја понесе болката. Таа девојка колку што уживаше во тишината дупло повеќе ја мразеше болката која таа ја носеше со себе. Спомените се нижеа и ѝ ги исполнуваа мислите потсетувајќи ја на минатото лето. Последното лето кога беше безгрижна, слободна и полна со енергија. Ова лето веќе не беше исто. Во него го немаше неговиот глас, неговата насмевка и најсигурното место на светот-неговата прегратка. Сега сѐ што и остана беа сеќавањата, а заедно со нив пристуни беа болката и непресушните солзи кои тивко и нечујно ги лееше секоја ноќ. Посилно беше од неа. Не можеше да го заборави иако знаеше дека не е единствен, но нејзиното срце не го мислеше тоа. Не ги прифати советите од пријателките кои ѝ викаа дека е време да го заборави и да излезе со друг, надевајќи се дека можеби не е тоа крајот. Можеби се залажуваше себе си, можеби само така сакаше да си верува за да си олесни, но повеќе се измачуваше отколку што си помагаше. Не беше личност која брзо простува и заборава, но нему колку и да сакаше да му биде лута не можеше, имаше во него нешто што ја привлекуваше и ја тераше да не ги гледа лошите страни кај него, го идеализираше до совршенство. Тоа лето и тој беа најубавите и најсовршените нешта што и се случиле некогаш во животот. Знаеше дека нема да го заборави никогаш. И така бидна, тој беше кај неа во мислите, а некаде на сосема друго место, но таа никогаш не го заборави. Така беше и ова лето, во оваа топла ноќ, а така беше и во наредните ноќи. Само ноќите беа сведок на нејзиното патење и измачување. Ноќта црна и болна како нејзините пролеани солзи.
Image

Напишете коментар