Под читање не се подразбира само седење во удобна фотелја, пиење чај и незадолжително вртење на страниците. Читањето не е досадно и пасивно, а уште помалку бескорисно. Пронаоѓањето време за читање книги некогаш знае да биде навистина предизвик. Читањето е навистина корисно, овозможува нови авантури со секоја прочитана страница и дава можност за лично усовршување на многу начини. Секој може да одвои барем половина час за да прочита најмалку триесет страници. Зошто е толку важно читањето?
1. Забавно е
Пред сѐ читањето е забавно. Светот на книжевноста е толку рановиден со толку различни жанрови што е невозможно некој човек да не ја пронајде книгата во која би уживала. Акција или можеби драма во која можеби ќе пронајдеме некој лик чијшто живот можеме да го споредиме нашиот? Или можеби нешто пореалистично – репортажа за некоја историска епоха која нѐ интересира особено. Потребно е само да се пронајде вистинската полица во библиотека или книжарница.
2. Бесплатно е
Секако дека постои можност да појдете во книжарница и да потрошите мало „богатство“ на книги, но всушност тоа и не е неопходно. Луѓето се жалат дека е тешко да се пронајде одреден вид забава во овој свет на скапи забавни паркови, луксузни ресторани и клубови додека библиотеките чекаат со широко отворени врати. Ако во вашиот град не постои добра библиотека секогаш можете на интернет да пронајдете многу бесплатни книги. Треба само да знаете каде, зошто и како пребарувате.
3. Се учат нови зборови
Додека читаме секогаш наоѓаме непознати зборови. Колку повеќе читаме толку повеќе ќе го збогатиме сопствениот речник. Широкиот вокабулар може да биде од исклучително голема важност за вас, за образованието или работата, посебно во моментите кога сакате да оставите добар впечаток кај колегите, пријателите, работодоваците. Способноста да се искаже мислењето на вистински начин е многу важно и за врските што ги остваруваме во животот, како што се партнерските или пријателските врски. Употребата на вистинските зборови во некои моменти може да спречи конфликт или недоразбирање. Книгите или новинарските текстови можат да бидат од голема корист кога учиме некој странски јазик. Тоа е забавен начин да научиме нови зборови, но и цели фрази и да се запознаеме со граматиката на јазикот.
4. Се усвојуваат нови знаења
Читањето е учење. Што и да читате, дали е тоа мелодрама или серија од научни статии, секогаш усвојувате нови информации. Секогаш се покажува дека е исклучително корисно. Освен тоа, начитаните луѓе кои работат на своето образование и интелектуални способности имаат поголема самодоверба.
5. Се зголемува концентрацијата
Деновите ги поминуваме во правење повеќе работи истовремено. Иако наизглед наивно, тоа може да биде многу оптеретувачко за нашиот ум. Од друга страна, за читање е потребна концентрација, како и мир. Бара да се посветите само на една работа во тој момент, а тоа е книгата или другото четиво што го читате. Многу луѓе дури и кога намерно сакаат, не успеваат да се сконцентрираат. Затоа читањето е добар начин за да се поработи на способноста за концентрирање што може значајно да ја зголеми нашата продуктивност.
6. Претставува техника за опуштање
Дали некогаш сте се почувствувале толку напнато што ви дошло да излезете од сопствената кожа на некое време? Со добра книга и тоа станува возможно. Или барем привидно возможно. Добриот роман може да ве одведе во целосно друга димензија од светот. Добрата статија може да го задржи вашето внимание и да ви овозможи да заборавите на сите грижи од секојдневниот живот. Многу луѓе премногу размилсуваат за своите проблеми, и често навистина им е потрена пауза од тоа. Книгите ќе ви помогнат да се опуштите за подоцна да можете да се вратите на решавање на сопствените проблеми со бистар ум и прочистени мисли.
7. Го скратува времето
Ова е една од предностите на читањето која е доста практична – можете да читате додека се возите во автобус, автомобил, воз па дури и додека чекате ред во банка. На овој начин ќе внесете малку забава во овие досадни и секојдневни активности кои понекогаш знаат да траат подолго.
8. Дава инспирација
Фиктивните ликови често можат да бидат извор на инспирација баш како и луѓето што ги запознаваме во реалниот живот. Од измислените ликови исто така можеме многу да научиме, и тие можат да влијаат врз нашите животи со нивните реченици или дела. Истото е и со местата, случувањата или фактите кои се опишани во четивото што се чита. Да речеме дека наидуваме на книга за јапонската култура или роман чијшто главен лик се занимава со столарство. Следниот ден можеби ќе одлучиме да се запишеме на курс по јапонски јазик или да направиме дрвени маси за нашата кујна.
9. Одлична вежба е за мозокот
На нашето тело му е потребна активност. Тоа значи дека и на нашиот мозок му е потребно истото. Научно е докажано дека читањето има големо влијание врз мозокот. Во невролошка смисла читањето е предизвикувачко бидејќи бара концентрација и интелектуална активност. Менталните активности можат да го забават процесот на Алцхајмеровата болест како што покажале многу научни истражувања. Читањето е здраво баш како и чаша овошен сок или утринско џогирање. Затоа заслужува да му се посвети доволно време.
10. Со него се спасува светот
Звучи премногу, зарем не? Но, сепак не е премногу. Она што на овој свет му е потребно се повеќе образовани, самосвесни луѓе со отворени умови кои се инспирирани и полни со идеи. Читањето навистина создава такви луѓе, посебно кога тие читаат различни работи, жанрови и теми. Читањето е пријатно и корисно, а потребно е само да се откријат вистинските жанрови и теми за секоја личност. Тогаш, грабнете некоја книга од полицата, и работете на себеусовршување! Цел живот треба да работиме на себе, таму има најмногу работа!
Прочитајте ги и овие „откачени“ навики на љубителите на книгите што останатите не можат да ги разберат!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.