Беше. Бевме, а сега веќе не сме.
Не сме повеќе, а можевме
можевме да бидеме уште.
Беше. Љубевме, а сега повеќе не.
Ќе љубиме други, а можевме
можевме се уште да се љубиме.
Беше. Се смеевме, а сега можда пак се смееме,
но со скршени срца, со рани кои ќе не потсетуваат
дека некогаш сме биле повредени, кои ќе болат вечно.
Беше еднаш кога плачев еднаш јас.
Можеби си плачел и ти, но
никогаш нема да можам да помислам лошо
за човекот кој некогаш сум го љубела.
Можеби ме преболе, а можеби никогаш не сум те болела,
можеби никогаш и не си ме сакал, а можеби се уште ме сакаш.
Беше еднаш НИЕ, на чекор до повисока скала,
но се сопнавме уште неискачени на погорната, па остана само ЈАС.
Јас без тебе, ТИ без мене. Ние без нас.
Така требало да биде. Ништо не може да го врати времето назад.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.