Хајнрих Хајне бил германски поет, есеисист и книжевен критичар.Неговата поезија е разновидна, односно пишувал љубовна но исто така и мисловна и бунтовна поезија.
Неговите песни се одликуваат со голема мелодичност тако што биле често и компонирани од многу композитори.
Самиот Хајне напишал за својата поезија: „Со мене завршува старата германска лирска школа и се создава школа на новата германска лирика. Новото време ќе создаде за себе и нови облици на уметноста, дури и нова техника, различна од сегашната. Повеќе нема да биде потребно да се бара инспирација од мртвото минато. А додека не се изработат тие облици, нам не ни останува ништо друго, туку да ги даваме своите индивидуални, лични изрази, стремежот на слободната личност за животот. Тоа е подобро отколку имитацијата на мртвите стари стилови.“
Неговата поезија влијаела врз делата на многу поети и таа предизвикала различни реакции. Некои поети не го ценеле неговото творешетво, посебно неговите револуционерни песни кои не се совпаѓале со неговиот личен живот.
Противречноста цело време го следи во животот и тој за себе ќе рече:
„Јас сум eвреин и христијанин; трагедија и комедија, Хераклит и Демокрит истовремено; јас сум Грк и Евреин; обожавател на деспотизмот овоплотен во Наполеон и поклоник на комунизмот што го проповеда Прудон; јас сум Римјанин и тевтон; јас сум животно, ѓавол и бог.“
Споделуваме една убава кратка љубовна песна во која поетот е несреќно заљубен и смета дека е луд штом прави втор обид во љубовта иако знае дека не е сакан. Но, љубовта е исто толку божествена колку што е луда и без неа не би можеле да живееме, зарем не?
Тој што љуби по прв пат
Тој што љуби по прв пат
И без среќа, тој е Бог;
Ама оној што по втор пат
Чини обид, тој е луд.
Јас сум таков лудак, повтор
Сакам, не сум сакан – знам!
Сето небо ми се смее,
Сам се смеам – умирам.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.