Со највисок степен и борбен израз
и мисија света со најчист образ
насочена мудро животната цел
писменост кон народот да се всадел.
Историски подвиг со плодотворна дејност
верба и желба за народот достојност
создаваат азбука со букви свети
писменоста како сонце над народот да засвети.
Пат кон писменоста тие ни подарија
пред никој ништо не се покорија
светла трага за нив да ни остават се изборија
и вечен споменот за нив го претворија.
Никола Миланоски