Skip to content

Без милост – Никола Миланоски

  • by

Како ветерот што си игра со лисјата есенски

така ти на моите чувства,

ги испушти сите сидра

како што тој во непознатото ги носи

така ти мене ме стори човек што за љубов проси.

Одненадеж сончев ден направи бура

дожд од солзи, да истура

ниту ронка совест на душа не си стави

непромислено

пекол од душата ми направи.

Толку ли срцето како камен ти беше ладно

со насмевка да возвратиш гледајќи го моето лице страдно,

да патам да се чувствувам јадно

да живеам живот од жално – пожално.

26.05.2020

Никола Миланоски

Напишете коментар