Прочитајте ги во продолжение песните што ни ги испрати поетот Никола Миланоски!
Посакување
Како патник низ пустина жеден
вода што побарува,
така јас жеден за љубовта
срцето на таа да ми ја дарува.
Како мирисот од липа во ноздри лесно што ни се навлекува,
со поглед таа лесно успеа рани од минатото на срце да ми излекува.
Како играч на лото премија што посакува,
или дете со нетрпение чека подарок да отпакува,
така јас сакам мислата моја со од таа
да се ракува,
бисерно чистата душа пред мене да си ја распакува,
и снагата нејзина прегратката моја да си ја посакува.
27.05.2020
Н.М.
Русокоса
Кога поминува таа јас црвенило на лице не можам да сокријам,
и да срамежливо, но како гладен волк
по нејзината убавина ќе завијам.
Кога ќе распавта со нејзините руси коси,
како некој косач со еден одкос
како трева ќе ме покоси.
Погледот нејзин по снага ми прави земјотреси,
само еден збор ми треба како бомба да ме разнеси.
Русокоса,
ќе го најдам ли патот до твоите љубовни адреси?,
и бакнежот твој крилја да ми вметне
кон рајот да ме понеси.
28.05.2020
Н.М.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.