Skip to content

„Записите за Џозефина“ (40)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Утро. Небото беше смуртено
чиниш целиот ужас и болка
се беа собрале во него.
Нејзе не ѝ пречеше тоа
затоа што знаеше дека
после бурата доаѓа сонце.
Имаше нешто необично
во секој нов ден, а Џозефина
тоа го гледаше.
Дури и во дождот имаше
некоја порака, си помислуваше.
Како природата
да сака да им каже
на оние кои се тажни
дека не се сами,
небото плачеше за сите подеднакво,
плачеше за пропуштените шанси,
неостварените љубови,
скршените срцa…
Снегот пак имаше слична порака,
тој им покажуваше
дека и во најстуденото срце
има нешто убаво и топло,
дека потребно е да се измие
нечистотијата која се насобрала,
како што се чистеа правот и воздухот
така сите ние требаше да ги
ослободуваме нашите души
и да ги нахрануваме.
Додека со топењето
снегот сакаше да каже
дека ништо не е вечно
и сè поминува,
но трагите и спомените
остануваат засекогаш.

Напишете коментар