Skip to content

„Записите за Џозефина„ (42)

black_and_white_girl_by_lgkf310-d5eg3ft

Кога сонцето заоѓаше
во нејзините очи заспиваше зракот,
крадејќи од сопствениот сјај
правеше таа да блеска каде и да се појави.
Кога заспиваше
во нејзиниот сон доаѓаше ангелот,
милувајќи ги нејзините желби
правеше тие да се остварат.
Кога се будеше
во утрата полни со прашања
насмевнувајќи му се на новиот ден
правеше тој да биде уште еден нов почеток.
Кога се насмевнуваше
во нејзиниот поглед спиеше тајната
криејќи ја вешто од другите
правеше да биде мистериозна.
Кога се надеваше
во нејзината мисла немаше место за неуспех,
гаејќи ги добрината, љубовта и искреноста
правеше секој да биде воодушевен.

Напишете коментар