Летото е на прагот.
Се слуша цврцорот на птиците
Кои го наговестуваат припекот на сончевите зраци.
Еве го летото,
Ми шепотат скакулците,
Кои скокаат низ воздушните припарници
Ми раскажуваат бубамарите,
Кои леткаат по новите гости
Ми се насмевнуваат ластовиците,
Со затскриени срамежливи погледи
Од своите симетрични гнезда.
Станувам летен детски џагор
Кој зборува со светот
Ги откривам сите гнезда,
Шепотам со бубалките,
Се радувам на пурпурот на сонцето
Кои се издигнало високо
Застанало над житното поле,
Блесок имам во очите,
И блештам, блештам
Како јунска сончевина
Ја чекам жетвата на работниците.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.