На кралот на Аргос, Акрисије, му било пророчено дека ќе умре од рацете на синот кој ќе го роди неговата ќерка. За да ја избегне лошата судбина, Акрисије ја затворил својата ќерка Данаја во подземна темница составена од бронза. Но Зевс во вид на златен дожд поминал низ отворот на кровот и ја обљубил Данаја. Така таа забременила и родила момче, Персеј, кого го одгледала заедно со дадилката, која била затворена заедно со неа.
Еден ден Акрисије слушнал детски глас и влегол во темницата, каде Данаја се обидела да му објасни дека Персеј е син на Зевс. Не ѝ поверувал, туку заедно со детето ја затворил во ковчег и ја фрлил во море. Ковчегот допловил до островот Серифос, каде го нашол Диктис. Тој ја прифатил мајката и детето и се грижел за нив, но во неа се вљубил неговиот брат, кралот Полидект.
Персеј и помошта на Хермес
Данаја не му ја возвратила љубавта и Полидект помислил дека тоа е поради синот и сакал да го избрка од островот. Персеј израснал во висок млад човек, со исклучителна убавина и сила.
Еден ден, Полидект ги поканил Персеј и неговите пријатели на гозба. Кралот барал гостите да му донесат по еден коњ, под изговор дека подготвува свадбен подарок за ќерката на Еномај, Хиподамија.
Тогаш Персеј безгрижно изјавил дека, доколку е потребно, ќе ја донесе и главата на Медуза. Кога гостите пристигнале следниот ден со коњите, Персеј пристигнал со празни раце. Полидект побарал од синот на Данаја да му го донесе ветениот подарок. Персеј не знаел како да ја изврши оваа тешка задача. Oчаен, стигнал до морскиот брег, каде Хермес го забележал и го прашал која е причината за неговата загриженост. Бидејќи Персеј му се доверил, Хермес му ветил помош.
Заедно со Атена, го одвелe младиот човек кај Грејите, сестрите на Горгона, за да можат да му го покажат патот до нимфите кои ја чувале невидлива капа на Адес, крилестите чевли и волшебната торба (кибисис). Грејите живееле на крајниот запад, и сите три имале само едно око и еден заб, што ги користеле наизменично. Персеј бил итар и успеал да им земе окото и на тој начин да ги натера да му го покажат патот до нимфите.
Активностите на Персеј продолжиле
Кога Персеј ги добил од нимфите невидливата капа, крилестите чевли и волшебната торба (кибизис), Хермес му дал краток меч во форма на срп, а Атина бронзен штит, за да може да пристапи на Медузата без да влезе во опасност. Опремен, Персеј тргнал кон живеалиштето на страшните Горгони, кои живееле крај океанот во Етиопија и Либија, во најоддалечените делови на Африка. Ги нашол Горгоните заспани и бидејќи знаел дека нивниот поглед сѐ скаменувал, им пристапил со свртена глава и со помош на огледало и ја отсекол главата на Медуза. Во тој момент, Пегазус и Крисаор скокнале од нејзиниот врат.
Со главата на Медуза во торбата, Персеј се качил на Пегасуз и се вивнал кон небото. Другите две Горгони го бркале, но тој избегал благодарение на невидливата капа. Додека летал над Либија, капки крв од главата на Медуза паднале на пустината и се претвориле во отровни змии. Атлантис одбил да го прими Персеј, затоа што се пророкувало дека неговото дрво со златни јаболка ќе го ограби потомок на Зевс. Затоа Персеј ја скаменил Атланта со помош на главата на Медуза и ја претворил во планина.
Ослободување на девојката Андромеда и мајка си
Додека летал над Етиопија, Персеј, близу морскиот брег, ја забележал Андромеда, ќерка на етиопскиот крал Цефеј, окована на карпа, која нејзините родители морале да ја жртвуваат на морско чудовиште. Кога Цефеј му ветил ќерка, Персеј, благодарение на крилестите чевли, капатана Адес и мечот на Хермес, лесно го убил чудовиштето и ја ослободил девојката.
Персеј пристигнал во Серифос со Андромеда во моментот кога Данаја и Диктис им се молеле на боговите да ги заштитат од Полидект. За да ја ослободи мајка си од неговите тирании, Персеј влегол во дворецот на Полидект и таму го пронашол тиранинот со пријателите. Кога ја извадил главата на Медуза од торбата, сите присутни се скамениле. Откако го казнил Полидект, Персеј му ја дал главата на Медуза на Атина , му го вратил мечот на Хермес, а на нимфите – капата, крилестите чевли и волшебна торба.
Штом го назначил праведникот Диктис за крал на Серифос, херојот отишол во Аргос со својата мајка и Андромеда. Кога чул за враќањето на Персеј, Акрисије побегнал во Лариса; Персеј го следел да го убеди да се врати во Аргос. Тој успеа во тоа, но старото пророштво беше исполнето: пред да ја напушти Лариса, Персеј фрли диск на натпреварите, кои ги имал подготвено кралот Теутамид по повод смртта на неговиот татко, и го убил Акрисије со него.
Очаен од болка, тој го погребал дедо му, а потоа решил да не се враќа во Аргос затоа што се срамел од тоа убиство кое ненамерно го направил. Отишол кај Мегапент во Тиринт и го молелда му го отстапи Тиринт за Аргос. Така Персеј станал крал на Тиринт, а Мегапент станал владетел на Аргос. Персеј ги опколил ѕидовите на Мидеја и Микена, а некои велат дека тој бил основач на тие градови, како и на династијата Персеида.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.